Груевски: Време е да се исполни обврската за избори на 24 април

Откако ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите обврски од договорот од Пржино, Груевски вели дека сега е време да се исполни обврската за избори на 24 април.

-Ние направивме многу компромиси. Дури бевме и критикувани дека премногу сме биле компромисни и премногу сме попуштиле. Ние тоа го правевме свесно и за доброто на државата. СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици министри. Нашата обврска беше исполнета во целост. Се одбра специјален обвинител со целосни услови за непречено да работи. Нашата обврска беше исполнета во целост. Беше одбран составот на Државната изборна комисија каде опозицијата има своја доминација и секретар и претседател од своите редови. Нашата обврска беше целосно исполнета. Изборниот закон беше променет согласно барањата на опозицијата, а со посредство на меѓународната заедница. Нашата обврска беше исполнета, рече премиерот.

Груевски потенцира дека изборите треба да се закажат за 24ти април и дека сега е време да се исполни оваа обврска.

-За жал неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење во заложништво на целата држава, додаде тој.

 
 
14.01.2016 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега