Судот денеска ќе пресече дали Петковски го клеветел Груевски

 

Денеска во 12 часот и 30 минути во Основниот суд Скопје 2 се очекува да биде соопштена пресудата за случајот  Груевски – Петковски.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски го тужи претседателот на НСДП, Тито Петковски за клевета бидејќи тој минатата година во октомври за неделникот Фокус изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации предложил новото име да биде Република Македонија  (Скопје). Премиерот на првото рочиште изјави дека не е точно дека испратил такви писмо и дека постоел таков предлог. 

Од своја страна, Тито Петковски изјави дека премиерот Груевски „не може да му ги земе парите" доколку владее правото.

Премиерот побара оштета од  15 илјади евра за нанесување штетна на честа и угледот.

ФОТО: Дејли.мк

најчитано сега