Димовски: Емил Димитриев ќе го замени Груевски на премиерската функција

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев ќе го наследи Никола Груевски на премиерската фунција. Одлуката на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред малку ја соопшти високиот партиски функционер Илија Димовски. Тој во изјава за медиумите рече дека претседателот на партијата Никола Груевски повторно ќе биде кандидат за премиер на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 24 април годинава.

Димовски потенцираше дека централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна поддршка на Груевски во спроведувањето на сите политики.

 

 

 

 
 
14.01.2016 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега