Велешките занаетчии го слават Св. Василиј Велики

Велешките занаетчии денеска го слават празникот посветен на Свети Василиј Велики. Одбележувањето традиционално се одржа во манастирот „Св. Димитрија“ во присуство на свештеници од Повардарската епархија. На прославата беше скршен и светиот колач.

Традицијата на собирање на занаетчиите од Велес не е прекината ниту по еден век.

– Некои занаети исчезнувале, други се раѓале, а традицијата стара повеќе од сто години опстанала да постои, секоја година на денешниот празник, информира општина Велес.

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев кој на велешките занаетчии им посака добро здравје, успех во работата и развивање на своите занаети.

 
 
14.01.2016 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега