Боже прости им, не знаат што прават!

 

 На Христовото раѓање се роди, уште еднаш по не знам кој пат, новото сонце на “демократијата”. На “демократијата” која ни се нуди како благослов, како нужност, како последна искра на националната надеж. И да не ни се случеше ова нам, ќе мислев грешка на мислата е во прашање, фелер на пијаната празнична состојба е. Но, не, ова почитувани мои сограѓани е суровата реалност во која живеат сите оние што не мислат како нив, не велат амин на нивната психоделична состојба во која со невидена страст не втурнаа сите нас и државата. Ова е реалноста на нивното поимање за слобода и демократија. Ова е нивниот светоглед. Во него не постои место за друг, за поинакво, за различно. Нивниот свет е поинаква духовна и ментална матрица што фала му на Бога, е различна, не, дијаметрално различна од нашата. Оваа колективна хистерија е опцијата што ни се нуди како духовно спасение. И да не беше мислата што исконски се поврзува со правата на човекот, со правата на секој слободен граѓанин немаше да знаеме до крај со кого си имаме работа. Какви сатани не опкружуваат, какви демони сакаат да ни го земат умот и да не стават во калапот на едноумието каде само тие ќе знаат, ќе мудруваат, ќе делат ум без ум. Ова е вистинско време да го дигнеме гласот против демоните на демократијата, да се ослободиме од лудилото што не навјасало и да застанеме посилно во одбрана на правата што некој мисли дека може да ни ги сотре. Допрва доаѓа силата на вистината, допрва доаѓа демократската мисла на интелектуалецот кој е роден да се бори против неправдите. Борбата допрва почнува. проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска

 
 
08.01.2016 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега