Првото бебе во Струмица женско

 

Во Струмица утрово во 5 часот се роди првото бебе во 2016 година. Здравото женско бебе, на свет го донесе мајката Кети Младенова, на која ова и е прво дете.

Од Гинеколошкото одделение информираат дека и мајката и бебето се наоѓаат во одлична состојба.

Инаку, новогодишната ноќ во Струмица помина мирно. На Интерното одделение во струмичката Болница во алкохолизирана состојба помош побарале осум лица од кои сите машки, а најмладиот има 15 години. И од Центарот за управување со кризи информираат дека ноќта поминала мирно.

 
 
01.01.2016 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега