Хворостовски возбуден што пеел во Македонија: Македонската публика е топла и пријателска

 

Вчера министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на рускиот баритон Дмитри Хворостовски му подари икона со приказ на ангелот од Курбиново, изработена од монасите во манастирот Зрзе.

Хворостовски истакна дека е среќен што добил дел од македонското културно наследство, соопшти денеска Министерството за култура.

- Македонската публика е многу топла, пријателска, бев многу возбуден што пеев на оваа прекрасна сцена, од сета оваа убавина што ме опкружува. Бевме благословени и со прекрасно време. Многу сум среќен што дојдов. Не ми требаше многу за да прифатам да дојдам на фестивалот. Сигурно пак ќе дојдам и ќе го донесам целото мое семејство овде, рече по концертот Хворостовски.

Тој вчера настапи на Охридското лето 2013.

ФОТО: Дневник

 

најчитано сега