Со какво време ќе ја дочекаме новата година?

 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната  од минус два до пет степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура минус 4, а дневната ќе достигне до три степени.

Утре и во петок ќе преовладува сончево и студено време. За време на новогодишната ноќ ќе биде ведро и доста студено. Температурата од -11 до -3.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.

 
 
30.12.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега