Груевски и Поповска потпишаа 17 договори за финансирање иновативни проекти

 

Премиерот Никола Груевски денеска заедно со директорот на Фондот за иновации Јасмина Поповска, потпишаа договори со 17 претпријатија, кои беа избрани на вториот повик на Фондот.

Станува збор за 10 иновативни проекти на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија со грантови до 30 илјади евра, а седум фирми ќе ги комерцијализираат своите иновации со грантови до 100 илјади евра по проект.

На вториот повик на Фондот беа доставени 95 апликации за иновативни проекти, а премиерот Груевски во својот говор подвлече дека тоа е добар показател оти полека но сигурно се раздвижува базата на креативни умови, храбри поединци и групи, млади компании и перспективни претприемачи.

-Владата на РМ и понатаму ќе ги следи и поддржува ваквите проекти. За 2016 година имаме испланирано 2 милиони 650 илјади евра со кои е планирано да се поддржат 25 стар-ап и спин-оф претпријатија, десет проекти за комерцијализација на иновации, два проекти за трансфер на технологии и еден деловно-технолошки акцелератор. Заклучно со 2017 година за инструментите преку Фондот за иновации имаме предвидено 10 милиони евра за поддршка, рече Груевски.

fond-gruevski.gif2Груевски ги охрабри сите кои имаат свои планови во иднина во делот на иновациите и претпримеништвото да ги следат наредните огласи преку Фондот за иновации и технолошки развој.

Директорката на Фондот Јасмина Поповска истакна дека преку јавните повици што годинава првпат ги организира Фондот се поддржани 33 претпријатија за развој на иновативни проекти. На останатите кои аплицираа, но не добија средства им порача да не се обесхрабруваат, да веруваат во своите идеи и да се пријават на следните повици.

-Во Македонија постојат иновативни претпријатија и истите се обидуваме да ги наградиме за нивната напорна работа во 2015 година со тоа што добија финансирање и мене ми е навистина чест што ќе соработувам со вакви компании пред се затоа што имаат некоја визија за сопствен напредок, но и напредок на економијата во Македонија, рече Поповска.

fond-gruevski

Инаку по формирањето на Фондот за иновации и технолошки развој и објавениот прв повик за финансирање новоосновани микро, мали  и средни претпријатија  во јуни годинава беа потпишани првите договори за финансирање проекти на 16 компании.

 
 
30.12.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега