Срам за полицијата: Спасовски унапреди лице осудено на 3 години затвор за шпионажа

 

Невиден срам за македонската полиција. Лице осудено за шпионажа унапредено Одделот за заштита на уставното уредување и спротивставување со тероризмот.
Како што дознава Press24 Кирил Соколов е унапреден во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот.
Токму тој е обвинет за шпионажа во мега случајот Шпион. Според пресудата до која дојде Press24 Соколов е осуден на затворска казна во траење од 3 години. Тој и до сега работел во МВР, но не бил разрешен од функцијата бидејќи се чекала правосилноста на неговата пресуда.
Сега Спасовски го наградува со унапредување од причини кои се уште не се познати.

Во аферата „Шпион“ беа обвинети 19 лица. Освен за шпионажа и оддавање државна тајни, дел од обвинетите се товарат за злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба. Обвинителството докажа дека дел од нив контактирале и одржувале средби со политичари, пратеници и министри од кои прибирале информации за важни политички прашања за кои биле заинтересирани странските разузнавачки служби.

 

Меѓу обвинетите провејуваат и имиња добро познати во јавноста: ексгенералот поранешната Единица за брза интервенција “Лавови” Горан Стојков, поранешниот шеф на кабинет на собранискиот спикер Трајко Велјаноски, Марјан Маџовски, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција, Ване Цветанов, новинарот и сопственик на „Буревесник“, Зоран Божиновски.

 
 
30.12.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега