Хуманитарни празнични пакети за социјално загрозените во Карпош

 

- Социјално загрозените семејства во општина Карпош денеска добија празничните пакети, во рамки на 17-тата традиционална хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“.

Како што се наведува во соопштението на општината граѓаните на Карпош, заедно со локалната самоуправа собрале 90 пакети кои се поделени  на семејства кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, се со цел новогодишните и божикните празници да ги минат во што е можно подобра атмосфера.

Пакетите ги подели градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

- Во новата година посакувам финансиската состојба во која се наоѓаат да биде надмината и следната 2016 да биде многу побериќетна година, истакна Јакимовски.

Пакетите содржат трајни производи како и средства за хигиена, а на најмалите жители им беа поделени новогодишни пакетчиња. Акција се спроведува три пати годишно и со радост е прифатена од сите жители на општината.

 
 
30.12.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега