Новогодишни подароци за семејствата на загинатите бранители од Ѓорче Петров

 

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски денеска оствари средба со роднините на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година и им подели пригодни подароци.

Митровски им се заблагодри на роднините за нивното активно учество во чествувањата на празниците поврзани со општината но и на оние кои се слават на државно ниво.

Градоначалникот Митровски уште еднаш истакна дека општината нема никогаш да ги заборави Бранко, Томе Д., Ивица, Раде, Ацо и сите останати кои загинаа во конфликтот 2001 година

 
 
29.12.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега