Македонија топ дестинација за Бугарите

 

Зголемен е бројот на патувањата на бугарските државјани во Македонија и на Македонците во Бугарија, покажуваат податоците на бугарските статистички служби. Годинава е евидентиран раст од 41,8 проценти на посетите на Бугарите во Македонија. Бројот на Македонците, пак, кои ја посетиле Бугарија во 2015 бил поголем за 16,3 отсто. 

Најголем број од бугарските туристи доаѓале во Македонија на гости и заради посета на културни знаменитости и спортски настани. Граѓаните на Македонија најчесто паувале во Бугарија на одмор и екскурзии. 

По Македонија, бугарските граѓани најмногу патувале во Обединетото кралство каде има раст од 36,6 проценти, Италија 16,7 проценти, Шпанија 16,4 проценти, Грција 16,2 проценти, Германија 15,6 проценти, Австрија 11,8 проценти, Романија за 7,9 проценти, Турција  6,8 проценти... Намалување има на патувањата кон Франција за 28,7 проценти и кон Руската Федерација за 27,6 проценти.

 
 
29.12.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега