Пратениците работат со полна пареа: Седници на пет собраниски комисии

 

Во Парламентот денеска седници ќе одржат и комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност во второ читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат за предлог-законите за нотаријатот, за извршување, за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, сите во прво читање, како и за Предлог-законот за амнестија во прво читање поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска, кој е на дневен ред и на седницата на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за економски прашања ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за трговските друштва во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост во прво читање, поднесен од група опозициски пратеници.

 
 
29.12.2015 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега