Ристовски: Наша основна грижа е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните

 

Во изминатиот период Македонија помина низ еден период кој се карактеризираше со деструкција од страна на опозицијата. Сведоци сте дека во последно време таа деструкција продолжува, а сведоци сте и дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорен политички субјект ги спроведува сите свои обврски, од она што значи политички договор, но пред се од она што значи наша најголема сила-работата, реализацијата на нашите ветувања.

Ова вечера на трибината во Ранковце го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

-Наша основна грижа е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. И оваа година сме на непосредни трибини со граѓаните. Сведоци сте дека во изминатиот период како Влада реализиравме голем број ветувања, а голем број проекти кои беа најавени, иако постоеја сомнежи дека е бидат решени, ние продолживме со нивното реализирање, истакна Ристовски.

Тој додаде дека она што како партија го прават е одговор на барањата на граѓаните од сите населени места.

-Само одговор на вистинските барања на граѓаните може да дадат вистинска поддршка за една политичка партија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во континуитет ја добива поддршка, ветувале реални проекти кои се потреба за граѓаните и истите ги реализираме, потенцираше Ристовски.

 
 
28.12.2015 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега