Битолчанец го снајде тешка судбина

Во периодот од 10  до 21 часот во Битола, на улицата „Трајче Стефановски“ во куќата сопственост на Љ.М.(48), непознат сторител извршил кражба.

Како што денеска соопшти МВР, сторителот насилно влегол низ балконската врата, одзел 10.000 евра и златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 630.000 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од полциијата во Битола.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
28.12.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега