Ограбени две цркви во Скопје

Две цркви во Скопје биле ограбени во изминативе неколку дена.

Во 08,25 часот во полициската станица „Аеродром“, П.Б.(65) од Скопје, пријавил дека на 25/26.12.2015 година во периодот од 17,00-07,00 часот, во црквата Св.Ѓорѓија, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре и од шкафче, кое се користи како каса за собирање на доброволни прилози, одзел околу 20.000 денари, а потоа го напуштил лице местото оддалечувајќи се во непознат правец.

Истиот ден во 19,00 часот во полициската станица „Гази Баба“, Д.К.(69) од с.Петровец, пријавил дека во периодот од 22 до 26.12.2015 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ лоцирана на местото викано „Чукар“ во атарот на с.Горно Коњари, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 7.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 
 
27.12.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега