Болна скопјанка преживеала вистински хорор: Наместо да се грижи за неа, ја малтретирала

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (64) поради основано сомнение за сторено кривично дело „Телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Во март годинава, Б.В., син на оштетената, усмено се договорил со пријавената  да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка Н.В. која е тешко подвижна и болна од Паркинсонова болест и деменција, за сметка на што, без надомест би и овозможил да живее со мајка му и да се грижи за сите нејзини финансиски потреби, бидејќи немала сопствен дом и средства за егзистенција.

На 21-ви овој месец околу 00:30 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“, Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал како пријавената физички ја малтретирала мајка му, удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за коса и туркајќи ја на креветот. Се симнал  на долниот кат и ја спречил понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал од нивниот дом.  

Ј.М. во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.

Вчера Ј.М. е лишена од слобода и со неа полицијата изврши  службен  разговор.

 
 
27.12.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега