Тешка сообраќајка: Детенце заврши на Ургентен

Вчера на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, возачот Р.Љ. удри во 8-годишно дете.

Сообраќајката поточно се случила пред раскрсницата за с.Г.Седларце, кога Р.Љ.(34) од с.Боговиње, управувајќи „Мерцедес“ со словачка национална ознака, удрил во детенцето од истото село. Во незгодата детето се здобило со повреди и по укажаната лекарска помош во Тетово, е префрлено во Ургентен центар во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.

 
 
27.12.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега