Што гледавте, гледавте - од наредна година се блокираат порно содржини
Од 2016 година, системот за филтрирање на содржини, на странски интернет-провајдер, ќе стане стандард за секоја нова конекција и ќе блокира содржини кои не се прикладни за помлади од 18 години, се до девет часот навечер.
Сите постоечки корисници по пат на email ќе добијат прашање на кое треба да одговорат дали сакаат филтерот да се применува и на нивните договори. Доколу го игнорирате email-от, филтерот ќе биде вклучен автоматски.
Со ова се нуди поголема заштита за децата кои користат интернет. Во кампањата учествуваат провајдерите „Sky“, „Virgin Media“ и „Talk Talk“.
25.12.2015 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа