Македонските ракометари ги почнуваат подготовките за настап на ЕП

 

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир пред почеток на последниот дел подготовките за настапот на Европското првенство во Полска во јануари следната година.

Според планот на подготовките, со редовни тренинзи во СЦ „Јане Сандански“ се почнува утре, а ќе се тренира два пати дневно.

Македонија први подготвителни натпревари ќе ги одигра на 4 и 5 јануари во Словенија против домашниот национален состав, а пред заминувањето за Полска ќе одигра тест-средби и во Скопје, против Црна Гора на 10 и 11 јануари.

На Европското Првенство во Полска, Македонија натпреварите од групата ќе ги игра во Краков а за противници ги има Франција, Србија и домаќинот Полска. Првенството почнува на 15 јануари.

 
 
22.12.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега