ЖАЛНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски актер

Почина Блаже Алексовски, актерот во пензија од театарот Војдан Чернодрински од Прилеп. Посмртните останки ќе бидат погребани денеска на Градските гробишта во Прилеп.

Целиот живот актерот му го подари на театарот. Бил дел од основачите на театарот во кој се вработил во 1953 година, и го дал неговиот придонес се до пензионирањето. Одиграл голем број улоги по кои вечно ќе биде запаметен. Најмногу го паметат по улогата на Татко која му лежеше на срце. Оствари значаен број претстави. За своите актерски реализации се здоби со признанијата на ВојданЧернодрински, како и награда за животно дело на овој фестивал. Тој е првиот лауреатна ова угледно прилепско издание.

Тој освен со глума, се занимаваше и со проза и литература.

Нека почива во мир.

 

 
 
22.12.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега