Уште 12 години затвор за Љубе Бошкоски - во судницата на раб на тепачка
12 години затвор доби Љубе Бошкоски за помагање во случајот Ровер. Скопскиот кривичен суд пред малку ја соопшти пресудата. Бошковски и неговото семејство беа гневни. „колку ве платија да ме осудите“, „Бандо криминална“, „Господ ќе ве казни“ - беа дел од реакциите на екс-министерот за внатрешни и неговите најблиски.
И остнтите обвинети за учество во убиството на Мрјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 добија затворски казни меѓу 6 и 10 години, додека четворицата првосомничени државјани на Србија кои се се уште во бегство добија доживотен затвор.
Бошковски е веќе осуден за случајот Кампања. Основниот суд му одредеи 7 години, а Апелација канзата му ја намали на 5 години затвор.