Македонските дипломати ќе учат од британската дипломатска школа

 

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и британскиот амбасадор во Скопје Кристофер Ивон, денеска потшишаа Меморандум за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Како што изјави Попоски на денешната прес - конференција по тој повод, целта на документот е да се обезбеди поддршка на македонското МНР за да го имплементира проектот „Градење на капацитетите на кадарот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија“. Со обуката како што истакна, ќе се овозможи унапредување на капацитетите на МНР, ќе се помогне и во  имплементација на крупните реформи во тоа Министерство со спроведувањето на измени во Законот за надворешни работи, а ќе се придонесе и кон соработката меѓу двете земји. 

- Охрабрува фактот што овој тип соработка ја воспоставуваме со една од најдобрите светски дипломатски служби. Сметам декам рамзнета на искуства помеѓу наши колеги тука и британските колеги ќе биде и долгорочна придобивка, рече министерот Попоски.

Според амбасадорот Ивон,   вели пристрасно кажано, Британија можеби ја има најдобрата дипломатска служба во светот, а со предвидената обука, и Македонија ќе има можност да го оспособи својот кадар за дипломатија од највисоко ниво, која ќе ги претставува нејзините интереси ширум светот на најодбар можен начин.

Станува збор, посочува, за најдобрата обука за дипломатија на британскиот Форин Офис, чиј производ е и самиот тој, а што го осведочил и со неговата 24-годишна кариера во британската дипломатска служба. 

- Ако ми поверувавте дека Британија ја има најдобарата дипломатска служба во светот, и ако стоите во место многу бргу ќе заостанете зад другите. Обуката која треба да се спроведе ќе помогне за континуирана промена и постојано треба да се залагате да бидете најдобри. Понекогаш треба да преземете некој ризик. Мојот министер за надворешни работи ова го опишува како да имате ролс-ројс, а да не се плашите дека ќе го изгребете од време на време или да го возите на две тркала со голема брзина во кривина, рече Ивон.

Со проектот, кој треба да се имплементира до март, 2014 година, е предвидено да се изврши обука на дел од македонскиот дипломатски кадар во неколку различни области од дипломатската сфера, како што е современата меѓународна политика, водење преговори, комуникација во современата дипломатија. Во тренинзите ќе бидат инволвирани обучувачи одм МНР на Верлика Британија. Од македонска страна, пак, како што рече Попоски, преку јавен повик, ќе се изберат обучувачи во рамки на МНР, поранешни дипломати и експерти во определени дејности кои би биле обучени и понатаму во иднина би го пренесувале своето знаење и искуство на малдите дипломати во службата.

ФОТО: МИА

најчитано сега