Одлуката конечна - македонската полиција ќе вози „Шевролет Спарк“
Македонската полиција дефинитивно ќе вози „Шевролет Спарк“. Немало жалби до второстепената комисија, па во возниот парк на МВР наскоро ќе пристигнат 100 нови „Спаркови“.
-По истекување на сите рокови за жалби, а од страна на учесниците на јавното наддавање немаше ниту една жалба до второстепената комисија, како и по обезбедување на бараната банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот од страна на носителот на набавката - Аутомакедонија АД - Скопје, Министерството за внатрешни работи го склучи Договорот за набавка за 100 нови ПМВ со полицски ознаки (полициска изведба), стои во сооптштението од МВР.
„Спарковите“ согласно тендерските услови, мора да имаат четири резервни гуми, сингален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот. Со склучувањето на договорот, започнува да тече рокот за испорака на возилата, кој не треба да е подолг од 90 дена од стапување на сила на договорот. Првата рата на исплата на возилата ќе биде во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата.