Дебар најстуден град во Македонија, мрзне и Скопје - погледнете ги температурите
Времето во Македонија на повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. По котлините се уште ќе биде магливо и тивко особено во долниот дел на Повардарјето и во Пелагонија. Кон крајот на денот се очекува засилување на ветерот од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до четири, а дневната од девет до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде магливо и тивко, а кон средината на денот ќе има извесно расчистување на маглата. Кон крајот на денот ветерот ќе се засилува од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.
В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста, но ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика расејување на маглата.
За време на викендот, пак, ќе преовладува сончево и малку попријатно и потопло време со мала до умерена локална облачност.
Ова се моменталните температури. Најстудено е во Дебар со измерена утринска температура од минус два степени. Засега нема повисока температура од 3 степени Целзиусови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа