Ограбена поштата во село Жван

Вкупно 104.500 денари се одземени од поштата во село Жван, Демирхисарско, соопшти полицијата.

Кражбата се случила меѓу 5 и 7-ми декември годинава откако непознато лице со употреба на физичка сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата, а потоа, исто така со подесен алат насилно го отворил металниот сеф од каде ги одзел парите по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
08.12.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега