Време: Претопло врнежливо и ветровито

 

 

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне повторно ќе има нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. На места ќе има услови за појава на невреме со позначителни врнежи од дожд проследени со силен ветер и со силни електрични празнења, особено повеќе услови за невреме ќе има во крајните западни и источни делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а преку денот од 26 до 34 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а во попладневните часовинестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.

Од утре се очекува стабилизирање на времето, но се уште е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

најчитано сега