Крива Паланка: Малолетник ранил соученик со нож
Кривична пријава за малолетник од Крива Паланка кој ранил свој соученик со нож.
Се работи за 17-годишниот М.В. од Радибуш кој на улицата „8-ми Октомври“, по завршување на часовите, го пресретнал неговиот соученик, 18-годишниот Д.Н. кој во моментот се движел кон автобуска станица и поради претходни меѓусебни расправии, физички го нападнал удирајќи го со тупаници по телото.
Физичката пресметка кулминирала кога малолетникот со нож го прободен својот соученик.
ФОТО:Вечер