ВИДЕО: Ако некогаш сте се запрашале како изгледа да се туширате во Вселената
Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало миење коса во вселената, некои одговори понуди американската астронаутка Карен Ниберг, која моментално живее и работи во Меѓународната вселенска станица (ISS).
Со оглед на тоа што се наоѓа во безтежинска состојба, процедурата не е едноставна.
Само за пример, топла вода не излегува од тушот, туку потребно е да се истисне од вреќата, внимавајќи притоа капките да не се разлетаат по целиот ISS.
Погледнете...