Секси и на 40 години: Ева Лонгорија не се откажува од минијатурното бикини (ФОТО)
Пријателка на славната актерката во Мајами ќе прави моминска вечер, па останатото слободно време Ева Лонгорија го искористи за уживање на плажа.
Покрај тоа што има 40 години, Ева Лонгорија изгледа фантастично. Папараците ја уловиле во розово мини бикини кое одлично и прилега.
Не само што е одлична актерка, Ева е и продуцент на две серии, а втората официјално ќе биде промовирана на 7-ми декември.
Кога не е со пријателите или кога нема работни обврски, Лонгорија слободното време му го посветува на нејзиното момче, 46 годишниот бизнисмен Хозе Антонио Бастон, со кого е во врска од 2013 година.
Извор: Вистина.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа