Страшна несреќа со кобен крај: Уште една жртва на улиците во Скопје
Уште една трагедија на скопските улици. Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, а во пет од нив направена е само материјална штета, додека во останатите со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци и еден патник во автобус.
За жал, се случила и една незгода во 6 часот и 20 минути на автопатот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром, во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово. По незгодата повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и покрај укажаната помош еден сопатник им подлегнал на повредите, а на двајцата возачи и на двајца сопатници им биле констатирани телесни повреди.
Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа