Државјанин на Албанија итно пренесен на Ургентен

 

На Ургентното одделение во гостиварската болница вчера попладне било донесено лице од Република Албанија со тешки телесни повреди во пределот на главата кој претходно ги задобило работејќи на поправка на објект во близина на спортската сала во Гостивар.

Во засега неутврдени околности и од непознати причини, додека со други работници ги санирале оштетувањата од завчерашното невреме, му паднала тула на главата, по што загубил свест.

По укажаната помош во гостиварската болница, лицето итно е пренесен на Ургентниот Центар во Скопје.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
23.11.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега