Никола и Бобан од Скопје долго време ќе бидат зад решетки
Македонската полиција уапси три лица по кои трагала долго време. Во привиот случај е уапсен 46-годишниот скопјанец Никола П кој ќе помине 4 години зад решетки поради измама, додека во вториот случај е уапсен 41-годишниот Бобан Ѓ. од Скопје кој ќе помине 10 месеци во затвор исто така за измама.
Полицијата го лиши од слобода и 25-годишното момче Сабухан М. кое се барало за издржување на затворска казна во траење од осум месеци за сторено кривично дело „прикривање“.
22.11.2015 - 14:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа