ФОТО: Се судрија пет возила во Аеродром - двајца на Ургентен

Двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила во скопски Аеродром. Како што дознава Курир, несреќата се случила на раскрсницата со булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“, а во истата учествувале три патнички и две товарни возила, од кои четири со скопски едно со струшки регистерски ознаки.

Според првичните информации повредени во сообраќајката се возачите на „Рено Меган“ и „Опел Вектра“ кои се пренесени во Ургентен центар, но засега нема детали за нивната здравствена состојба.

 
 
18.11.2015 - 14:30
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега