Тодоров ќе прима пациенти во струмичката Болница
Министерот за здравство Никола Тодоров, кој од понеделникот престојува во мониторинг на струмичката Болница, денеска ќе прими заинтересирани граѓани кои со него ќе ги споделат нивните искуства во областа на здравството.
Од Министерството информираат дека попладнево во административната зграда на општата болница во Струмица, во периодот од 17.30 до 20.30 часот, Тодоров ќе ги прими заинтересираните граѓани од струмичкиот регион, кои ќе можат да ги споделат искуствата областа на здравството и здравствените услуги.