Пронајден исчезнатиот стружанец - што му се случило?

На местото викано „Врагудењца“ лоцирано во атарот на селото Радожда, бил пронајден 70-годишниот  К.Ц. од струшкото село Враништа кој беше пријавен за исчезнат. Полициските службеници го забележале човекот во планинскиот дел источно од магистралниот пат Струга-Ќафасан, бил во свесна, но не и контактибилна состојба.

К.Ц. со медицинско возило бил пренесен во струшката болница.

За потсетување, пред четири дена околу 20 часот и 30  минути, членови од неговото семејство во полициската станица во Струга го пријавиле неговото исчезнување.

 
 
16.11.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега