Кумановец преживеа хорор - го претепале на улица

Три лица нападнале кумановчанец и му задале тешки повреди.

Вчера 55-годишниот З.Б. во кумановската полиција пријавил дека истиот ден, во 17.50 часот, додека одел пеш заедно со лицето Г.М. од Куманово, на плоштадот пред бутик „Шкорпион“ одзади силно бил турнат од непознато лице, по што паднал на земја. Потоа кон него дотрчале уште три непознати лица кои физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото. З.Б. се здобил со видливи повреди (скршеница на носна коска, видливи рани на главата, оток на десниот дел од лицето, потрес на мозокот) и укажана му е медицинска помош во Општата болница Куманово, каде е задржан на лекување.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.

 
 
14.11.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега