Тројца скопјани долго ќе си лежат во затвор

Тројца криминалци паднаа во рацете на полицијата. Во првиот случај, на граничниот премин Табановце вчера околу 14 часот и 30 часот на влез во Македонија при извршена пасошка контрола констатирано е дека П.М.(30) од Скопје се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“. 

Истиот ден СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Арбен С.(34) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој е спроведен во полциската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Амет А.(28) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“.Тој е спроведен во КПУ„Скопје“ за понатамошна постапка. 

 
 
13.11.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега