ВМРО-ДПМНЕ: Членовите на СДСМ се закануваат во стилот на ИСИЛ - тоа ли е слобода на медиумите?

 

Владејачката партија најостро ги осудува сите оние кои се закануваат на новинари.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во целост

“Поздрави ги сите во Курир! Вие нема да имате восочни фигури... нема да можат да ве препознаат за да ви направат восочни фигури! Затоа што ќе ве влечам со кола по Партизанска 7 дена и 7 ноќи! Дур не ви се распадне телото и почне да смрди! Сега мајчиното млеко ќе го исплачете.“

Ова е само дел од тоа како СДСМ ја подразбира слободата за медиуми и слободата на говор.

Ова е монструозната закана која до новинари ја упати преку фејбук профил извесен Горан Герасимовски, фејсбук пријател со Саша Богдановиќ претседател на ОО СДСМ Центар, Петре Шилегов портпарол на СДСМ, Стефан Богоев претседател на СДММ.

Ете како активистите на СДСМ ја подразбираат слободата на говор која им ја прокламира нивното раководство.

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува ваквите монструозни закани по живот  за новинари кои во стилот на ИСИЛ ги упатуваат активисти на СДСМ. Очекуваме МВР да поведе постапка и да го приведе лицето кое упатува вакви присхопатски и монструозни закани по живот.

СДСМ е единствената партија која организираше протест пред приватен медиум со цел да изврши притисок врз нивната уредувачка политика, сметајќи дека треба да биде уредувана од нивниот партиски штаб. Активисти на СДСМ го демолираа радиото “Радио Слободна Македонија”, а уште десетина други случаи завршија со манифестација на насилство, закани, уцени. Да потсетиме дека раскрварени новинари се враќаа во нивните редакции, додека СДСМ со молчење  го одобруваше ваквото насилие. Закани и физичко насилство беа употребени и против други новинари, како Дејан Николовски, Јанко Илковски, Ивона Талевска, Бобан Нонковиќ, Антонио Димитриевски, сите до еден жртви на насилството на активисти од СДСМ.

Затоа народот ги казнува СДСМ на избори. Затоа народот  ќе ги казни повторно и на изборите на 24 април. Тогаш народот јасно ќе каже што мисли за манипулациите, лагите и насилствата на СДСМ кои ги манифестира во последниот период.

 
 
12.11.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега