Пожарникари во последен момент спасија Македонец: Висел на 15 метри височина

Македонец имал огромна среќа во несреќа во Венеција, кога му се слошило додека работел на голема височина. Според податоците на Дневник, на Македонецот му се слошило додека работел на скеле на голема висина, од каде се лизнал и останал неподвижен на скелето. Македонецот кој се бори за живот го спасиле пожарникари кои веднаш биле повикани од неговите колеги кои не сакале да го помрднуваат за да не направат поголема беља. 

Пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и го виделе Македонецот како виси на височина од 15 метри сосема неподвижен, веднаш направиле брз и ефикасен план за тоа како да спречат трагедија. Употребиле висока скалаи стигнале до местото каде тој лежел, го ставиле на носилка и полека го симнале до медицинската екипа. 

Засега не се знае неговиот идентитет ниту каква е неговата моментална состојба.

 
 
12.11.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега