Кобна ноќ во Скопје: Три крвави инциденти за неколку часа

Крвава ноќ во Скопје. Три крвави настани се случија за неколку часа, од кои едниот во Старата Скопска Чаршија, другиот на улицата Женевска, и третиот на улицата Димитрија Чуповски.

Денеска рано изутрината околу 2  часот и 30 минути на улицата „Димитрије Чупоски“ И.Ц. (23), Б.З.(24) и А.К.(24) биле физички нападнати од неколку непознати лица. Според податоците од полицијата, лицата ги удирале со стаклени шишиња при што трите млади момчиња се здобиле со телесни повреди. 

Инаку, претходно крвав настан се одиграл и во Старата Скопска Чаршија кога 23-годишниот Н.Д. и 25-годишниот С.С. од Србија биле физички нападнати од повеќе непознати лица при што едно од лицата со нож му нанело убодна рана на Н.Д. во пределот на градниот кош. 

Исто така, во 19 часот на улицата „Женевска“ во Скопје 16-годишен малолетник бил физички нападнат од непознато лице кое го удирало со тупаници во пределот на телото. Според податоците од полицијата, тој толку се разбеснил што во еден момент извадил нож и го забодел во пределот на стомакот.

 
 
10.11.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега