Триесет дена притвор за осомничените за пукањето во Клинички

Двајца од тројцата приведени од полицијата, осомничени за вчерашниот инцидент на Kлиниката за дигестивна хирургија, изутринава беа изведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. По распитот тој им одреди 30 дена притвор.

Полицијата им поднесе пет кривични пријави. Првоосомничениот се товари за две кривични дела – за убиство во обид и нелегално поседување оружје.. Второпријавениот, кој воедно е  негов брат, се товари за соучесништво, напад врз службено лице и предизвикување општа опасност. Третиот учесник во инцидентот, неофицијално е ослободен од обвинение.

„ Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка, денеска 10.11.2015 година, беа спроведени две лица од Скопје, од кои првиот се товари за кривичните дела - Убиство од чл. 123 ст.1 в.в со чл. 19 и чл. 22, Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст. 1 и Насилство од чл. 386 ст.5 в.в со ст. 3 и 1 од КЗ, додека вториот се товари за кривичните дела - Убиство од чл. 123 ст.1 в.в со чл. 19 и чл. 22, Насилство од чл. 386 ст.5 в.в со ст. 3 и 1 и Напад на службено лице при вршење на службено дејствие од чл. 383 од КЗ со предлог од Основно јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор.

   По сослушување на обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка донесе одлуака со која го прифати предлогот на обвинителствот и на двјацата приведени  им определи мерка притвор во траење од 30 дена“ - стои во соопштението од Кривичниот суд

ФОТО: Ова се луѓето кои пукаа во Клинички во Скопје

 
 
10.11.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега