Гостивар: Тригодишно детенце тешко повредено во сообраќајка

Три годишно дете е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на локалниот пат во гостиварското село Балиндол. 

Детето седело на предното седиште од возилото „Голф“ кое било запрено, а го управувал неговиот дедо. Во еден момент, тоа ја отворило вратата и трчајќи за да ја премине улицата удрило во „Опелот“ управуван од 53-годишниот З.Ф, кој бил во движење. Детето по ударот се здобило со тешки повреди и пренесено е во гостиварската болница и потоа итно било префрлено на скопските клиники за натамошно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

 
 
10.11.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега