Невиден штипски малер: Направил сообраќајка, го претепале и го ограбиле

Тежок малер за жител од штипска Шашаварлија. Во рок од 10 минути доживеал сообраќајна несреќа, го претепале и го ограбиле.

Лошото за него почнало на 200 метри од селото кога со моторот удрил во запрежна кола, излетал на патот и целиот при што се повредил.

Помош побарал од двете лица кои биле во запрежната кола, но наместо тоа, тие жестоко го нападнале, удирајќи го со клоци и тупаници, а потоа и го ограбиле.

Од патот до дома, нападнатиот стигнал тешко, по што најбилските повикале полиција, а него итно го однеле во болница. Лекарскиот преглед кај него констатирал повреди по целото тело, но за среќа опасност по неговиот живот нема. 

Полицијата работи на расчистување на случајот, а особено ќе се истражува дали сообраќајната несреќа била случајна или добро испланирана од страна на напаѓачите кој на овој начин чекале жртва.

 
 
09.11.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега