Јавното обвинителство за сообраќајката во која загина Младенов

 

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ќе информира за резултатите од преземените дејствија за сообраќајната незгода која се случи на 26. март годинава, на автопатот Велес-Скопје, кај клучката Хиподром, во која животот го загуби Никола Младенов.

Младенов беше роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кариерата ја почнува како млад актер, но кон средината на 80-тите почнува да работи како новинар во „Млад Борец“. Потоа го основа радиото Либертас, а во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник „Фокус“. Брендот на „Фокус“, Младенов го градеше цели 20 години. Во 2011 година го основа и дневниот весник „Фокус“.

ФОТО: А1Он

најчитано сега