Кавга и раздор во внатрешните редови на СДСМ

За раздорот и неединството во СДСМ пишува и еден од креаторите на политиките на Бихаќка и голем поддржувач на опозицијата, Бранко Героски.

Тој сведочи за постоење на поделеност, кавга и раздор во внатрешните редови, што доаѓа од дејствувањата на СДСМ и предупредува на уште поголема поделеност како резултат на потребата од распределба на функционерските места, договорени во Пржино, пишува Курир.

-Кој малку подобро ги познава главните мајстори карапанџи, јасно му е дека суштината на тие препирки е битката за изгубени и неосвоени позиции. Со мали и чесни исклучоци, тоа се главно луѓе со нереализирани политички амбиции, кои себеси се гледаат во фотелјите на Бихаќка, а сега и во „освоените“ места во парламентот, пишува уредникот на ПлусИнфо и Слободен печат.

СДСМ практично се раскара за само неколку функционерски месра. Героски поради ова го прогласува раководството на СДСМ за будалетинка кое за разлика од поранешниот лидер Бранко Црвенковски, се пали на два “лајка“ на Фејсбук.

- Да биде работата потажна, кавгаџиите упорно се трудат кавгите да ги прикажат како судир на концепти. Од една страна, демек, е раководството на чело со Заев, кое гувее пред странците и чека директиви. Од друга страна се „отпорашите“, наводно спремни во секој момент да кренат револуција, само чекаат да ги повика Бранко Црвенковски, кој, пак, не го прави, бидејќи човекот е политичар што знае да ја процени ситуацијата, а не будалетинка што се пали на два лајка на Фејсбук, пишува Героски во својата колумна.

Сето ова се надоврзува на информациите дека незадоволството е исклучиво резултат на коцкарската политика на Заев која не дава резултати и која се коси со државните интереси.

Незадоволството е резултат и на слабата поддршка од народот која јасно се гледа во анкетите каде СДСМ убедливо губи во однос на владејачката партија.

Героски упати уште низа напади кон раководството на Бихаќка. Тој обвинува за неодлучност и површност која е виртуелна и се сведува на храбрење дека премиерот само што не паднал, а во суштина не може СДСМ да собере стотина луѓе.

Тој во својата колумна под наслов „Карапанџите околу Бихаќка“открива уште еден голем скандал, а тоа е дека раководството на СДСМ, лично Заев и Шекеринска, нарачувале текстови по медиумите, што е големо признание и доказ за отворена злоупотреба од СДСМ на медиумите.

-Да биде работата полоша, слушам дека кавгите ги поттикнуваат и некои луѓе од Бихаќка, во страв од амбициозните аутсајдери, кои постојано се закануваат со некаков преврат. Пред некој ден ја читав онаа чудна нарачка од текст за наводната смена во „Комерцијална банка“ и не можев да се изначудам - каква полза од ова имаат Заев, Шеќеринска и раководството на СДСМ? Зошто и кому му е ова потребно?, прашува Героски.

И додека СДСМ наводно се жали поради притисоци, самиот Бранко Героски кажува дека медиумите се контролирани од СДСМ и дека постојат нарачани текстови што и беше потврдено пред извесен период кога од официјалната електронска пошта на СДСМ беа праќани нарачани и готови текстови за објавување до медиумите блиски до нив.

 
 
05.11.2015 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега