Нови детали за трагедијата во Битола: Починатиот со дебело полициско досие

Починатиот И.К (33) од Битола чие тело утрово беше пронајдено во мотелот Пржо имал дебело полициско досие, соопшти полицијата. Според информациите, тој бил сторител на повеќе кривични дела меѓу кои и такви поврзани со дрога. И тој и 27 годишната И.Ѓ. биле од ромска националност. Потекнувале од битолската населба Караорман, за која битолчани велат дека е вистинско „нарко гето“.
Едното тело веќе било во фаза на распаѓање, додека кај другото процесот се уште не бил започнат.
Битолчани шпекулираат дека станува збор за наркозависник, но никој не знае во какви околности настанала смртта.
Иако обдкукцијата на едното тело веќе е готова, повеќе детали се уште не се откриваат.

 
 
03.11.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега