Уапсен тетовчанец баран со меѓународна потерница

На граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница, пренесе МИА.

Според Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е овој граничен премин, станува збор за 34-годишниот Б.З. од Тетово, кој е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол Загреб. 

На Б.З. од страна на Судот во Самобор му е изречена казна затвор во траење од осум години поради „финасиска измама“.

Приведениот е задржан во Полицискиот комесаријат во Корча од каде ќе биде екстрадиран во Хрватска.

 
 
02.11.2015 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега