ФОТО: Кик боксерите на прием во Агенција за млади и спорт

Во просторите на Агенцијата за млади и спорт денеска беа претставниците на македонската кик бокс репрезентација, која на неодамна завршеното Светско првенство за сениори во Белград, Србија постигнаа одлични резултати и ја претставија Македонија во вистинско светло. 

Освоените 3 медали (2 златни и 1 бронзена), во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 држави во светот, говори за тоа дека Македонскиот кик бокс е во светскиот врв и сосема сигурно можеме да констатираме дека нашите кик-боксери владеат со светскиот трон особено во категоријата кик-лајт. 

Нашите репрезентативци и медалисти: Ненад Манојловски, Димитар Георгиев и Стефани Тодорова заслужуваат уште многу вакви блескави моменти во нивната спортска кариера. 

ams kik web 1

-За овој голем спортски резултат, нашите спортисти Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски се стекнуваат со стипендии од меѓународна категорија и во следните две години ќе добиваат паричен надоместок од државата во висина од 1 просечна плата. На нашите медалисти, но и на сите спортисти сакам да им порачам да продолжат да редат успеси и да ја претставуваат Македонија во најдобро светло на меѓународен план, а АМС ќе го следи секој нивни успех и ќе го вреднува секој нивни резултат, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Спасески.

Истовремено, Агенцијата и во иднина ќе продолжи со поддршката на овој трофеен спорт во нашата земја, како финансиски така и логистички и искрено веруваме дека веќе во следните години, Република Македонија повторно ќе има можност да се покаже и како одличен домаќин и организатор на некое високо меѓународно натпреварување во Кик боксот.

Во 2011 година, нашата земја беше домаќин на Светското првенство и остврарувањето на вакви високи резултати, како спортски така и на организациски план ќе резултираат со добивање и на ваква улога.

 
 
02.11.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега